ДИПЛОМАТИЈА

Разговори Русија- САД закажани за во јануари

22.12.2021 15:50

Првата рунда разговори за безбедносните гаранции со САД закажани за во јануари- соопшти рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров...

Првата рунда разговори за безбедносните гаранции со САД закажани за во јануари- соопшти рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров. Го повтори ставот на претседателот Путин дека Русија не сака војна и конфликти, но дека цврсто ќе ја обезбедат својата безбедност.

„Не сакаме војна. Ги предупредуваме жешките глави кои се обидуваат да го нахранат агресивното расположение во Украина. Преговарачите договорија првиот круг разговори да се одржат во почетокот на следната година. Би сакале тоа да биде јануари, за да ја искористиме преговарачката платформа за дискусија за вториот документ, нацрт-договорот меѓу русија и земјите-членки на НАТО“, изјави Лавров.

Во меѓувреме, украинската државна гранична служба објави видео во кое се гледаат ископи на противтенковски ровови на руска територија во близина на границата. На 17-ти декември Москва објави нацрт-договор за безбедносните гаранции со САД и НАТО, кои, меѓу другото, вклучуваат и одредби нато да престане да се шири кон исток.