Економија

Повластена стапка на ДДВ од 5% при увоз на материјали, бараат градежниците

22.12.2021 16:53

Воведување повластена стапка на Данокот на додадена вредност од пет проценти при увозот на градежните материјали, бараат градежниците. Поради зголемувањето на цените на репроматеријалите, велат- треба корекција на договорите за јавни набавки...

Воведување на повластена даночна стапка на ДДВ од пет проценти при увозот на градежните материјали сѐ до стабилизација на пазарот на градежни материјали како и итна корекција на цените на договорите за јавни набавки, бараат од Здружението на градежници. Оттаму посочуваат дека антикризни мерки во градежниот сектор се потребни поради зголемени трошоци на репроматеријалите.

Градежниците бараат вклучување на домашните компании во изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и 10. Ресорниот министер Бочварски за идната година најавува големи инвестиции.

Од Здружението велат дека во наредниот период ќе се разговара и за мерката „Недела неработен ден“, за која сметаат дека негативно ќе се одрази на градежниот сектор.

 

Дијана Ценевска