Мијалков останува во притвор
Кривичниот совет го прифати предлогот на Oсновното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за определување 30 дневен притвор за обвинетиот во предметот „Плацеви на Водно“. Оценката е дека постои опаснот од бегство.

Сашо Mијалков останува во притвор. Кривичниот совет го прифати предлогот на Oсновното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за определување 30 дневен притвор за обвинетиот во предметот „Плацеви на Водно“. Оценката е дека постои опаснот од бегство.
Претходно, Апелацискиот суд ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, со што мерката притвор беше преиначена во мерки за претпазливост - одземање на пасошот и обврска да се јавува во суд.
Министерот за правда Бојан Маричиќ ја критикуваше одлуката на Апелација, оценувајќи дека таа ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите.
За СДСМ одлуката на Апелацискиот суд е скандалозна, за ВМРО-ДПМНЕ станува збор за евтин театар на власта.
