Политика

Заев ја официјализира оставката

23.12.2021 09:20

Зоран Заев поднесе оставка до Собранието. Си заминува од премиерската функција како одговорност за резултатите од локалните избори кои за него имале национална политичка тежина. Недоговорно и неоправдано е пред народот и земјата да ја водам владата на евроатланскиот пат, напиша во оставката. Додава дека за време на неговите мандати биле донесени историски одлуки...

Оваа одлука ја преземам поради исходот од изборите, кои иако беа локални, имаа национална политичка тежина, се вели во писмото со оставката на премиерот во заминување Зоран Заев кое беше доставено до Собранието. Според него, неодговорно би било тој да продолжи да ја води македонската влада и смета дека друг премиер од редовите на СДСМ тоа ќе го стори подобро.

„Ова го направив за да може да продолжи да се развива нашата западно европска идеjа и прогресивниот концепт во земјата да си создаде услови за освежување и зајакнување и да не се дозволи да биде поразен на национално ниво“, се вели во писмото со оставката.

Заев вели дека за време на неговиот мандат донесени биле историски одлуки, како онаа за решението со Грција, со што според него, се обезбедил мир и безбедност и бил трасиран патот за економски добробит. Сега следен на потег е собранискиот спикер Џафери кој треба да свика седница и да ја констатира оставката на Заев.

Претседателот на државата Пендаровски има рок од десет дена да го даде мандатот на новиот мандатар. Тој потоа, во рок од 20 дена треба до Собранието да ја достави новата програма и новиот владин состав.

„Ова се очекува да се случи некаде кон средината на следниот мсесец, согласно законските рокови“- велат од СДСМ.

Од опозициската ВМРО- ДПМНЕ со став, согласно Уставот, владата во оставка има обврски сѐ до формирањето на нова, а ние нема да се откажеме од уставно загарантираното право за пратенички прашања, кои патем не сме ги имале со месеци.

Од коалициониот партнер ДУИ велат- оставката е лична одлука и ние ќе ја почитуваме, иако сметаме дека е непотребна, бидејќи лошите резултати беа на локалните избори и се поврзани со локални прашања, а не со национални политики.

Од Алијанса за Албанците со став – иако имаат мнозинство и ќе фомираат влада, таа ќе биде со краток рок и за неколку месеци ќе има предвремени парлементарни избори.

Оставката на Заев како од премирската функиција, така и од онаа претседател на СДСМ, беше најавена по изборни резултати на изминатите локални избори. Новиот мандатар се очекува да биде наследникот на Заев на лидерското место во СДСМ, Димитар Ковачевски.