Политика

Течат роковите за состав на новата Влада

23.12.2021 09:33

Во следните 10 дена претседателот Пендаровски треба да го додели мандатот, а новиот мандатар во рок од 20 дена пред пратениците треба да достави програма и состав на новиот кабинет.

Од денеска почнуваат да течат и уставните рокови за состав на новата Влада. Во следните 10 дена претседателот Пендаровски треба да го додели мандатот, а новиот мандатар во рок од 20 дена пред пратениците треба да достави програма и состав на новиот кабинет.

Од ДУИ најавија дека нема да ги менуваат своите кадри во новата влада. Партискиот наследник на Заев, актуелниот заменик-министер за финансии Димитар Ковачевски ќе ја предводи новата влада.

По интензивните преговори и со поранешни и со актуелни високи финкционери на СДСМ најавува смена на речиси сите кадри. Филипче, Царовска и Шекеринска јавно потврдија дека ги напушаат функциите.

Како ќе изгледа новиот кабинет, СДСМ ќе решава на состанок на Централниот одбор на почетокот на следната недела.