Статистика

Просечната нето плата во октомври 29.145 денари

23.12.2021 09:54

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, се зголемила за 4,5%.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 29.145 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, се зголемила за 4,5%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (11,7 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (10,1 процент) и Информации и комуникации (10,1 процент).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2,1 процент) и Други услужни дејности (2 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2021 година, пак, изнесува 43.557 денари. Во споредба со октомври 2020 година, пораснала за 4,6%.