СЗО: Ниедна земја нема да излезе од пандемијата со довакцинација
Програмите за неселективна дополнителна доза веројатно ќе ја продлабочат пандемијата бидејќи сите расположливи вакцини се насочувале кон земјите кои и онака имале висока стапка на имунизација.

„Ниедна земја нема да може да излезе од пандемијата со помош на довакцинација и таа не претставува зелено светло за прославите кои се планираат“, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус.
Според него, програмите за неселективна дополнителна доза веројатно ќе ја продлабочат пандемијата бидејќи сите расположливи вакцини се насочувале кон земјите кои и онака имале висока стапка на имунизација.
Стручниот одбор на СЗО наведе дека најмалку 126 држави објавиле насоки за примање на засилувачка вакцина. Во однос на најновиот вид, познат како „омикрон“, сметаат дека постојат малку податоци за да се утврди дали е позаразен од делта кој стана доминантен на глобално ниво.
