ГЕРМАНИЈА
Штрајк на аеродром во Франкфурт, откажани 40 летови
23.12.2021 10:42
Протестот следуваше по нерешениот колективен спор околу работните услови на 600 вработени...

Аеродромските работници во Франкфурт излегоа на штрајк, барајќи зголемување на платата од идната година и скратено работно време.
Протестот следуваше по нерешениот колективен спор околу работните услови на 600 вработени.
Авиокомпанијата „Луфтханза“ го затвори својот терминал за прва класа.
