МВР

Запленети над 2.000 парчиња пиротехнички средства

23.12.2021 11:07

Во колонијална продавница во тетовско Долно Палчиште, сопственост на 58-годишниот Т.Р. од ова село, пронајдени и одземени се 1.380 разни видови пиротехнички средства...

Во колонијална продавница во тетовско Долно Палчиште, сопственост на 58-годишниот Т.Р. од ова село, пронајдени и одземени се 1.380 разни видови пиротехнички средства, соопшти МВР.

Претходно, пред угостителски објект на Градскиот плоштад во Тетово биле пронајдени 691 парчиња петарди.

По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.