Мал црн фустан за повеќе комбинации

23.12.2021 11:28

Во зависност од модните додатоци, може да се облече во свечени пригоди, ако се искомбинира со бисери или елегантен накит. Тука, одговараат и елегантни чевли, најчесто салонки.

Малиот црн фустан е нешто што секоја жена треба да го има во својот плакар. Незаменлив е за повеќе пригоди.

Во зависност од модните додатоци, може да се облече во свечени пригоди, ако се искомбинира со бисери или елегантен накит. Тука, одговараат и елегантни чевли, најчесто салонки.

Деловен изглед ќе се постигне со сако, во боја која одговара, и со подискретен накит. Изборот на чевли може да биде различен, високи потпетици, но и рамни, но поелегантни чевли.

Малиот црн фустан, може да се облече и за дневни излегувања, со некоја марама, која ќе даде поедноставен и посекојдневен изглед.

Моделите на овие фустани зависат од намената, може да бидат и со карнери и тантела, но секако попрактични се подноставните, кои секогаш ќе може да ги прилагодите на своите желби и потреби.