Енергетска криза

Можно укинување на евтината дневна тарифа

23.12.2021 13:31

Регулаторната комисија за енергетика ги прави последните анализи. Сѐ уште не е познато колку ќе се зголеми цената на струјата...

Од први јануари, освен зголемување на цената на струјата, можно е и укинување на евтината дневна тарифа за домаќинствата и малите потрошувачи.

Регулаторната комисија за енергетика ги прави последните анализи. Сѐ уште не е познато колку ќе се зголеми цената на струјата.

Министерот во оставка Бектеши, деновиве категорично тврдеше дека таа нема да биде над 10 проценти. Првиот човек на регулаторна, Бислимовски најавува повисока цена.

МЕПСО побарал уште поголемо зголемување на трошоците во однос на првичното барање. Наместо 60 проценти зголемување, како што беше првично побарано, сега тоа е 83 насто. Електродистрибуција побарала 100 проценти.