Конференција за заштита на личните податоци
02.04.2014 10:01
Во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија денеска во Скопје ќе се одржи 16-та по ред Конференција за заштита на личните податоци на земјите од Централна и Источна Европа (CEEDPA).
На Конференција ќе учествуваат 30 претставници, професионалци од областа на заштитата на личните податоци од 13 национални органи за заштита на личните податоци.

Теми на кои ќе се дебатира во двата работни дена се модернизација на легислативата за заштита на личните податоци, соочување со предизвиците на “биг дата”, собирање податоци преку смарт уреди, cloud computing – одговорности и предизвици за заштита на личните податоци, видео надзор на приватен имот и заштита на личните податоци во изборниот процес.