Здравство

Затворена модуларната болница во Прилеп, состојбата со Ковид-19 стабилна

23.12.2021 14:16

Се затвори модуларната болница во Прилеп. Хоспитализираните пациенти се префрлени на Инфективното одделение кое беше празно. Ова е поради штедење енергија, велат од болницата. Од друга страна, интересот за трета доза вакцина останува поголем од оној за прва...

Прилепската болница ја затвори модуларната. Дваесет и двајцата пациенти се преместени во инфективното одделение. Ова е за да заштедат на енергијата, а инфективното е празно и не очекуваат да се наполни капацитетот, зашто континуирано имаат 20-тина хоспитализирани.

За вакцинација, останува поголем интересот за трета, отколку за прва доза. Половината од имунизираните се со втора доза. Апелот за вакцинација останува.

Епидемиолозите ја сметаат за стабилна ковид-ситуацијата во градот и во училиштата.

 

Елизабета Митреска