Нов предлог- закон

Ќе се легализираат дивоградби изградени до јануари 2021-ва

23.12.2021 14:30

Бочварски најавува крај за бесправната градба и узурпација на просторот. Фер услови за сите, но и казни за прекршителите. Нов предлог- закон за бесправно изградени објекти. Прифатени сугестиите од сите засегнати страни. Ќе се опфатат објекти изградени до 1-ви јануари 2021-ва.

Ќе се легализираат објектите градени до 1-ви јануари 2021-ва година. Подготвен е новиот Предлог- закон за бесправно изградените објекти. Со него се забранува легализација на објекти во заштитените подрачја во Охридскиот регион, подрачја со културно наследство, на станбени згради, објекти во близина на аеродроми и на гранични премини.

Според министерот Бочварски, се предвидува посебен начин на пресметување на надоместокот за легализација. Од него ќе бидат ослободени граѓани кои имаат до 180 илјади денари нето годишен приход. Како доказ за бесправен објект, ќе се уважуваат единствено сметките за јавните услуги.

Според Бочварски, со законот се решава правниот статус на инфраструктурни проекти низ државата, електронските комуникациски мрежи. Рокот за поднесување на барањето за легализација е шест месеци од денот на влегувањето во сила на законот.

 

Дијана Ценевска