Голем интерес за трета доза вакцина против Ковид-19
Најголем интерес на пунктовите за имунизација деновиве има за трета доза. Само 10 до 20 проценти од граѓаните периодов се одлучуваат да се вакцинираат за прв пат...

Имунизацијата е заедничка одговорност, треба да се грижиме за сопственото здравје, но и за здравјето на најблиските, велат граѓаните пред вакциналниот пункт во поликлиниката „Букурешт“.
За разлика од август кога имаше турканици и дневно се имунизираа по 1.600 граѓани, тука деновиве бројката на боцкања е околу 400. Само десет насто биле вакцинирани со првата доза.
Првиот човек на поликлиниката „Јане Сандански“, вели дека на дневна основа 60 насто од вакцинираните се со трета доза. Според него, интересот за прва е низок поради ревакцинирањето за време на Божикните празници.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, со прва доза на вакцина во земјава и во странство, вакцинирани се 50,4 насто од населението над 18 годишна возраст, односно 46,6 проценти над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се речиси 41 насто.
Најголем дел од лицата вакцинираните со две дози се на возраст меѓу 25- 49 години.
Наташа Јанчиќ Менковски
