Давидовиќ: Притворот на Мијалков изречен под политички притисок
Притворот на Мијалков му е изречен под политички притисок- вели неговиот адвокат во случајот „Плацеви на Водно“, Давидовиќ. Додава- недозволиво е спрема Мијалков да е определен притвор, и исторемено да има гаранција и мерки на претпазливост. Адвокатите преку нова жалба до Кривичниот совет на Апелација бараат да биде ослободен од притвор. Убедени се дека судот ќе остане на својот претходен став...

Првостепениот суд му изрекол притвор на Мијалков под политички притисок посочува неговиот адвокат во случајот „Плацеви на Водно“, Давидовиќ. Недозволиво е спрема Мијалков да е определен притвор, и истовремено да има гаранција и мерки на претпазливост. Сега ниту Кривичниот суд, ниту одбраната не може да ја укине гаранцијата и двете решенија се правосилни, а неговиот имот е под хипотека. Зачудувачки е што ова решение Мијалков го примил во 21 часот иако веќе во 16 часот го добил решението од Апелација за укинуување на притворот, велат понизок суд не може да укине, преиначи одлука на повисок суд.
Одбраната забележува дека судот не ги повикал нив и обвинетиот Мијалков за да се изјаснат по новиот предлог што е законска обврска, иако сите биле присутни во судот. Предлогот, велат нема основаност, бидејќи Мијалков не може да бега во услови кога имотот му е под хипотека.
Адвокатите преку нова жалба до Кривичниот совет на Апелација бараат да биде ослободен од притвор и убедени се дека судот ќе остане на својот претходен став.
Во „Плацеви на Водно“ Мијалков се товари за перење пари и други приноси од казниво дело.
Фиљана Кока
