Култура

Промовиран зборникот „Конески на 11 јазици“

23.12.2021 15:27

Покрај препевите на песни и преводите на кратките прозни текстови од авторот, во кои се и првите преводи на дел од култната книга „Разговори со Конески“, на руски, српски и словенечки, во зборникот се објавени и текстови со сеќавања за Конески.

Под еден покрив неговите стихови одѕвонуваат на повеќе јазици. Промовиран зборникот  „Конески на 11 јазици“. Ова е второ, дополнето издание на зборникот.

Покрај препевите на песни и преводите на кратките прозни текстови од авторот, во кои се и првите преводи на дел од култната книга „Разговори со Конески“, на руски, српски и словенечки, во зборникот се објавени и текстови со сеќавања за Конески.

Неговата улога и космополитски дух ја поврзаа македонската култура со светот за што тоа сведочи и зборникот, оценува министерката Стефоска.

Почитта кон кодификаторот на македонскиот литературен јазик беше искажана и од УНЕСКО, на чија листа годинава е и одбележувањето на столетието од раѓањето на Конески.

Ана Јосифоска Тодоровска