Реакции од партиите по оставката на Заев
Оставката на Заев не е морален чин, тоа е чин за спас, и обид преку инсталирање на својот пион, како што е Димитар Ковачевски, да се спаси од одговорност, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев ќе остане запаметен како најголемата непогода која ѝ се случила на Македонија. Никој нема да тагува по него, а народот ќе тагува по сѐ она што му го одзема. Оставката на Заев не е морален чин, тоа е чин за спас, и обид преку инсталирање на својот пион, како што е Димитар Ковачевски, да се спаси од одговорност, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДСМ во најава е влада со краток рок на траење. Народот бара избори кои се единствен начин државата да го заборави заевизмот и да појде напред, велат во Алијанса.
Во СДСМ возвратија- опозицијата знае само за блокада на процесите кои се од најголем интерес на граѓаните. Само Владата со предводена од СДСМ ќе ги интензивира реформите, ќе го продлабочли патот кон евроинтеграциите и успешно ќе се справи со пандемијата и енергетската криза.
Опозицијата и натаму инсистира на предвремени избори, за СДСМ, барањето на политичките опоненти, воопшто не е актуелно.
Игор Панов
