Разбиена група шверцери на цигари

02.04.2014 10:05

Полициските службеници морале предупредувачки да употребат оружје за да ги запрат шверцерите кои се обидувале да побегнат со џип...

Голема полициска акција, со истрели од огнено оружје, вчеравечер се спроведувала на неколку локации во Источна Македонија.
 
Во опсежната акција, е апсена поголема група шверцери на цигари. Полициските службеници морале предупредувачки да употребат оружје, за да ги запрат шверцерите, кои се обидувале да побегнат со џип.
 
Полицијата ги привела шверцерите, а повеќе детали од МВР најавуваат во текот на денот.