Македонија
Професор во струшката гимназија со метален предмет претепал ученик
24.12.2021 09:20
Директорката Бесиме Јонузи за МТВ вели, инцидентот се случил по расправија на професорот со мајката на ученикот, која му била колешка.

Ученик во струшкото средно училиште „Ибраим Темо“ бил удрен со метален предмет од наставник. 57- годишниот професор, по караницата го удрил во пределот на главата по што ученикот бил пренесен во струшката болница каде што било извршено шиење на повредата.
Директорката Бесиме Јонузи за МТВ вели, инцидентот се случил по расправија на професорот со мајката на ученикот, која му била колешка.
По инцидентот професорот се заклучил во кабинетот, а дисциплинската комисија итно го суспендирала.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
