Несреќа во Бугарија

Резултатите од вештачењата за автобуската несреќа во Бугарија би можело да бидат готови до недела

24.12.2021 09:45

Според бугарската национална истражна служба податоците покажувале дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, но и покрај тврдењата дека нема причинско- последична врска меѓу несреќата, патната сигнализација и ознаките, посочуваат дека знаците на патиштата „очигледно не ги исполнуваат условите“.

Еден месец од автобуската несреќа во Бугарија. Бугарските истражни служби најавија дека резултатите од вештачењата би можело да бидат готови и до 25-ти декември.

Според бугарската национална истражна служба податоците покажувале дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, но и покрај тврдењата дека нема причинско- последична врска меѓу несреќата, патната сигнализација и ознаките, посочуваат дека знаците на патиштата „очигледно не ги исполнуваат условите“.

Истрагата досега покажува дека автобусот од сѐ уште непозната причина скршнал вдесно и удрил во заштитната ограда која го дели просторот за одмор од автопатот. Од ударот се дупнал резервоарот за гориво, избувнал пожар и возилото се заглавило меѓу заштитните огради што ги дели двете ленти на автопатот.

Во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија што се случи на 23-ти ноември загинаа 45 лица, од кои 12 деца, а седуммина беа повредени. Тие се враќале од туристичко патување во Турција.