Меѓународен ден за борба против аутизмот

02.04.2014 10:07

Македонија денеска го одбележува Светскиот ден за борба против аутизмот, а здружението „Во мојот свет“ почнува кампања под мотото „Еден свет за сите“.
Кампањата ќе се одвива во текот на цел месец, а централниот настан ќе се одржи попладне во Скопје сити мол.
 
Македонија денеска го одбележува Светскиот ден за борба против аутизмот, а здружението „Во мојот свет“ почнува кампања под мотото „Еден свет за сите“.
Кампањата ќе се одвива во текот на цел месец, а централниот настан ќе се одржи попладне во Скопје сити мол.
 
Во рамки на одбележувањето ќе биде осветлен и Археолошкиот музеј во сино со што и Македонија ќе се вклучи во светската кампања во рамки на која истакнати објекти се осветлуваат во бојата на аутизмот и со тоа ја изразуваат поддршката кон лицата со аутизам. Денот со културна манифестација со мото „Тие не се сами, ние сме со нив“ќе го одбележи и Македонското-научно здружениe за аутизам во Музејот на македонската борба.
 
Аутизмот е биолошко развојно нарушување на мозокот. Главни карактеристики на аутизмот се слаба или никаква социјална интеракција и комуникација, ограничени активности и повторувачки шеми во однесувањето. По тие каактеристики аутизмот се разликува од останатите нарушувања од групата нарушувања од аутистичниот спектар.
 
Причините за аутистичното нарушување се уште не се во целост познати. Но сепак, голем број експерти тврдат дека до ова нарушување водат различни причини.
 
Наследувањето кај аутизмот е голема, но со оглед на тоа што генетиката на нарушувањето е сложена, не се знае кои гени се за тоа одговорни. Истражувањата покажале дека се јавува еден до два случаи на аутизам на 1000 луѓе.
 
На децата, знаци на аутизам се приметуваат во првата и најкасно втората година од животот. Раното откривање на болеста е важно за стекнување на социјални вештини и самостојност. Засега, за аутизам нема лек. Кај оние со блага форма на аутизам, можен е самостоен живот.
 
Во Македонија не постои официјален регистар на лица со аутизам, но се смета дека нема повеќе од 4.000 лица. Аутизмот не е емоционална болест туку тоа е тешко развојно нарушување со генетска основа.
 
Поновите истражувања покажуваат дека тој се јавува почесто од Дауновиот синдром, од ракот кај децата или глувоста. Почесто се јавува кај машките, отколку кај женските деца и тоа за четири пати.
 
Од Заводот за ментално здравје на деца и младинци во Скопје, една од институциите каде се третираат лица со аутизам, наведуваат дека е многу значајно раното дијагностицирање.