Македонија

Течат уставните рокови за избор на нова влада

24.12.2021 10:15

Според член 90 од Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

По четири и пол години на чело на Владата, Зоран Заев замина од премиерската функција. Неговата оставка вчера беше констатирана од страна на Собранието, а потоа беше испратено формално известување до претседателот на државата со што почнуваат да течат уставните рокови за избор на нова влада.

Според член 90 од Уставот, претседателот на државата е должен во рок од десет дена да го довери мандатот за состав на Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Претседателот на државата Стево Пендаровски очекува доверувањето на мандатот да се случи следната недела. Тој ТВ интервју синоќа изјави дека му е потребен уште допис од партијата која има мнозинство, за да може да го даде мандатот.