Енергетска криза

ЕСМ праќа работници на принуден одмор

24.12.2021 12:30

„Во тек е постапка на утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период. Извршителите ќе бидат упатени на принуден одмор, не подолг од три месеци со исплата на 70% од платата“, велат од компанијата.

АД ЕСМ праќа работници на принуден одмор. Компанијата соопшти дека воведува мерки на штедење за да ги намали трошоците во услови на енергетска криза.

„Во тек е постапка на утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период. Извршителите ќе бидат упатени на принуден одмор, не подолг од три месеци  со исплата на 70% од платата“, велат од компанијата.

Од ЕСМ тврдат дека сакаат да ги намалат непродуктивните трошоци за производниот процес да тече со што помалку материјални и човечки ресурси.

Стопирани се и спонзорствата, репрезентациите, службените патувања, на минимум е сведена исплатата на прекувремени работни часови, запрена е набавката и на возила.