Медиуми

ССНМ и ЗНМ со поддршка за колегите од ТВ Алфа кои добија откази

24.12.2021 12:47

Претседателот на Синдикатот, Павле Беловски, посочи дека одлуката на директорот на телевизијата, Јани Бојаџи, се толкува како реваншизам и одмаздољубие, нагласувајќи дека врачувањето отказ на шесте вработени е со цел да предизвика страв и неизвесност кај останатите вработени и да се откажат од загарантираните права.

Од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со поддршка за шестмината колеги од Телевизија Алфа, членови на ССНМ кои добија откази од своето работно место. Велат дека случајот е пријавен и во надлежниот трудов инспекторат, а на колегите  ќе им биде обезбедена и правна помош.

Претседателот на Синдикатот, Павле Беловски, посочи дека одлуката на директорот на телевизијата, Јани Бојаџи, се толкува како реваншизам и одмаздољубие, нагласувајќи дека врачувањето отказ на шесте вработени е со цел да предизвика страв и неизвесност кај останатите вработени и да се откажат од загарантираните права.

Беловски додаде дека одлуката на директорот на телевизијата уследила по низата преземени синдикални активности од страна на сто вработени во Алфа телевизија, од кои 70-тина членови на ССНМ, во насока на барањата раководството редовно да исплаќа плати и придонеси, што во оваа година во четири наврати доцнеле и до три месеци.

Претсерателот на ЗНМ, Младен Чадиковски побара менаџментот на ТВ Алфа да ја преиспита одлуката. Истакна дека отпуштањето работници претставува тежок чин во секој сектор, но во медиумскиот има сериозно влијание поради кревкиот пазар и ниските плати.

Од ЗНМ информираат дека активно ќе го следат судскиот случај кој ќе следи, и ќе ги известат своите меѓународни партнери за прекршување на правата на медиумските работници.