По оставката на Заев, течат уставните рокови за формирање нова влада
По оставката на Заев, течат уставните рокови за формирање нова влада. Престедателот Пендаровски, очекува официјален допис од партиите кои имаат мнозинство за идниот мандатар. А, во меѓувреме се крои составот на новиот кабинет. Извесно е дека на кормилото ќе биде Димитар Ковачевски. Од ВМРО-ДПМНЕ со коментар- ова е театар на релација Пендаровски- СДСМ.
Течат уставните рокови за формирање на новата влада. На „Илинденска“ повеќе нема да бидат Шекеринска, Царовска, Димитров и Филипче, а сѐ погласни се најавите и дека ќе има ротација на позициите на Николовски и Маричиќ.
Социјалдемократите го добиваат ресорот земјдоделство, а ДУИ образование. Новиот коалциски партнер Алетрнатива како што е познато ќе раководи со здравство, ќе има вицепремиерско место со задолжение за дијаспотата и ресорот за инфоматичко опшество и администарција. Шефот на државта чека официјално известување за обезбедено мнозиснтво од партија или партии, пред да го додели мандатот .
Претседателот ќе го додели мандатот во рамки на уставниот рок, зависно од тоа кога ќе добие известување од партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието за тоа кој е мандатар.
Извесно е дека наследник на Заев ќе биде Димитар Ковачевски. Номинацијата за мандатар се очекува ја потврди Централниот Одбир на СДСМ.
По најавите од претседателот Пендаровски дека прво ќе чека известување со потписи за обезбедено мнозинство во Собранието, па потоа доделување мандат, од ВМРО-ДПМНЕ со коментар дека ова е театар на релација Пендаровски- СДСМ.
Се најавува дека нема макимум да се искористат Уставните рокови за формирање на влада. Според најавите изборот во законодавниот дом би се случил кон средината на јануари.
Марина Стојанова Тонева
