Струга

Средношколците од „Ибраим Темо“ бараат притвор за професорот кој претепа ученик

24.12.2021 14:14

После вчерашниот инцидент во кој професор во средното струшко училиште „Ибраим Темо“ со метален боксирач удри по глава ученик, денес протест на учениците пред судот. Гневни на одлуката за ослободување на професорот, учениците бараат притвор...

Учениците од средното струшко училиште „Ибраим Темо“ денеска на протест пред струшкиот суд. Гневни и лути на одлуката на обвинителството, со која професорот, кој вчера со метален боксирач нападна ученик, денес е ослободен. Бараат притвор и казна за нападот на кој сведоци биле голем број ученици.

„За случајот што се случи вчера да не се повтори пак. Да добие притвор не сме сложни да биде пуштен. Нас не пуштаат на училиште за да сме слободни.Не сакаме да одиме со страв во школо“, вели Сара Кадриоска ученик од средното училиште „Ибраим Темо“.

На вчерашниот инцидент му претходеле вербални навреди од страна на професорот упатени кон негова колешка, на што ученикот се обидел да се спротистави по што и тој добил закани по живот. 57- годишниот професор, во еден момент со метален боксирач по глава го удрил ученикот, кој заврши на болница.

„Слушнав гласини од учениците, викотници и слегов долу тој беше заклучен во кабинетот по англиски, а учениците стоеја пред врата. Наставниците и јас се трудевме максимално да не дојде до нешто лошо и по неговиот живот, оти во тие моменти ученеците беа излезени можеа и да го убијат“, вели Бесиме Јонузи директорка на средното училиште „Ибраим Темо“.

Професорот е итно супсендиран, но обвинителството го пушти на слобода, што предизвика голем револт кај учениците.

Ова не е прв инцидент на професорот по англиски јазик со децениски стаж во училиштето, тој и претходно се заканувал на колеги, колешки и ученици за што има пријави во полиција.

 

Соња Рилковска