За празниците без нови мерки и протоколи, лекарите со апел да нема групни прослави
Новата варијанта на Ковид-19 ја има и во соседството. Лекарите во државава, апелираат да се воздржиме од групните прослави и веселби, празниците да ги поминеме во семејна атмосфера. По низа истражувања, се очекува во 2022-та, оваа пандемиска состојба да ја оставиме зад нас.

Иако угостителските објекти ќе работат, граѓаните за празниците не се опуштаат. Сметаат дека состојбата со коронавирусот не е за потценување.
Здравствениот персонал е исцрпен, ковид пандемијата предолго трае. Ако се случи уште ден бран, ќе биде претешко, вели доктор Чибишев. Од светот постојано стигнуваат инфорамции дека омикрон го има во 106 земји. Државите воведоа мерки при влез и вакцинираните да носат негативни пср тестови. Според него оправдано е што се воведуваат рестрикстивни мерки.
Во земјава засега модуланите болници се празни, здравствени капацитети релаксирани, од Комисјата за заштита од заразни болести нема нови препораки.
Надлежните сметаат дека состојбата со Ковид-19 е под контрола, затоа парзниците ќе ги дочекаме со старите мерки и протоколи.
Наташа Јанчиќ Менковски
