Дали младите знаат да управуваат со пари?
Умеат ли младите да управуваат со парите, домаќински да работат и да заработат?! Ни треба поголема едукација, велат експертите. Штедењето е само прв чекор. А народната мудрост за парите – секогаш добредојдена...

Имаат по 16 години и идеи како да управуваат со буџет. И да заработат.
„Почнавме од единствена идеја за правење честитки. На крајот излеговме со доста големи финансиски средства, вели Благојче Мојаноски, ученик во економското училиште „Кузман Јосифоски Питу“ - Прилеп.
„Ги изработив визит картичките кои подоцна ги продадов и дојдов до заработувачка“, вели Марија Петреска, од „Кузман Јосифоски – Питу“.
Умеат ли младите да управуваат со парите. Колку возрасните ги учат да работат домаќински?
„Работат децата одлично со парите...Некои ги учат некои не ги учат да работат со парите...Со 8 400 денари не се работи домаќински...Не учат, ама ние не знаеме домаќински да работиме...Сакам и да си заштедам и да си купам тоа што ми треба“, велат анкетираните.
Според експертите од управувањето со парите, го имаме само штедењето. Ни треба пазарот на нивното оплодување.
„Сите пари ни се околу 3 милијарди евра депозит и сите ни се во банките. Меѓутоа, доколку тоа се развие, доколку се добијат информации, може тие пари да се пласираат“, вели Димко Кокароски, монетарен експерт.
Кај банкарите тешко се наоѓа пример родителите во име на децата да ги вложат парите како показатрел како да управуваат со нив.
При глобализација, може со мал буџет младите да вложуваат и да профитираат. Неопходна е едукацијата.
„Во одредени насоки да го имаме и семејниот буџет како научна дисциплина“, вели Кокароски.
За домаќински со парите, помагаат и народните мудрости.
„Мајка ми велеше секогаш – Деца повеќе се дни од колбаси. Треба да се води сметка за динарот.“
А може и вака да се размислува...
„Доколку секој заштеди по еден кибрит од 2 денари, во македонија ќе се заштедат околу 24 милиони евра“, вели средношколецот Александар Сотироски.
Како да се работи со парите? Ако ништо друго - касичката е секогаш при рака. А потоа - и малку математика.
Елизабета Митреска
