Собрание

Јавна расправа за Стратегијата за родова еднаквост, се бара доработка на документот

24.12.2021 16:25

Заседаваше собраниската комисија за еднакви можности на мажите и на жените. На дневен ред – јавна расправа за стратегијата за родова еднаквост за наредните пет години. Министерката вели – ова е клучен документ за разбивање на стереотипите и градење култура на ненасилство. Здруженија реагираа дека не се водело сметка за нивните забелешки. Невладини побараа доработка на документот...

Целосна еднаквост меѓу мажите и жените, зајакнување на положбата на жените и нивен еднаков пристап до права, ресурси и учество во носење одлуки, вака министерката Шахпаска пред граѓанските здруженија ја образложи потребата од носење на Стратегијата за родова еднаквост 2021 – 2026.  Според неа ова е клучен документ што ќе обезбеди сузбивање на родовите стереотипи и градење на култура на ненасилство.

Здруженијата на жени земјоделки и на бизнис жени реагираат дека дел од нивните предлози не биле вметнати иако учестувале во изготвувањето на стратегија.

Дел од граѓанските организации, пак, бараат ревизија на документот, објаснувајќи дека тој е преобемен и треба да се доработи.

Ова е четврти стратешки документ, кој ги обединува областите на делување за постигнување на родова еднаквост.

Викторија Милевска