Скопје

Се санираат штетите од пожарот што пеплоса куќа во Драчево

24.12.2021 16:41

На сопственикот му е обезбедено привремено сместување. Локалната власт најави помош, во акцијата се вклучија црвениот крст и други хуманитарни организации...

Во куќата којашто вчера вечерта изгоре во општина Кисела Вода, за среќа нема жртви и повредени, бидејќи сопственикот во моментот на пожарот не бил дома.

Причината за пожарот засега не е позната. Во моментот кога почнала куќата да гори, сопстевникот Атанасовски бил во соседството. Околу 40 минути траела акцијата на пожарникарите кои со три возила го гаснеа пожарот.

Атанасовски од Општина Кисела Вода доби привремено сместување, а локалната власт најави помош за повторна изградба на куќата.

Екипи од општина изутринава го собираа сметот, а Црвениот крст му донесе намирници и се она што му е неопходно на атанасовски за наредните денови.

И отец Оливер Петровски од хуманитарната организација „Св. Спас“ ги повика сите општествено одговорни фирми и поединци да се вклучат во реновирањето на домот на овој човек со градежен материјал или финансиски средства.

 

Ана Јосифоска Тодоровска