Притвор за професорот кој повреди ученик во Струга
После вчерашниот инцидент во кој професор во средното струшко училиште „Ибраим Темо“ со метален боксирач удри по глава ученик, денес протест на учениците пред судот. ОЈО на професорот по англиски јазик со децениски стаж во школото, му одреди мерка притвор во траење од осум дена...

Осумдневен притвор за професорот од струшкото „Ибраим Темо“, кој вчера со метален боксирач повреди уеник во глава. Учениците од средното струшко училиште, денеска со мирен протест пред струшкиот суд. Го изразија својот револт. Гневни и лути бараа притвор и висока казна за професорот, кој го повреди ученикот.
„За случајот што се случи вчера да не се повтори. Нас не пуштаат на училиште за да сме слободни. Не сакаме да одиме со страв во школо“, вели Сара Кадриоска ученик од средното училиште „Ибраим Темо“.
На вчерашниот инцидент му претходеле вербални навреди од страна на професорот упатени кон негова колешка, мајка на ученикот, кој се се обидел да се спротистави по што и тој добил закани по живот. 57- годишниот професор, во еден момент со метален боксирач по глава го удрил ученикот, кој заврши во болница.
„Слушнав гласини од учениците, викотници и слегов доли тој беше заклучен во кабинетот по англиски а учениците стоеја пред врата да го претепаат. Наставниците и јас се трудевме максимално да не дојде нешто лошо и по неговиот живот, оти во тие моменти ученеците беа излезени можеа и да го убијат, вели Бесиме Јонузи директорка на ОСУ „Ибраим Темо“.
Професорот е итно супсендиран.
„Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави Предлог за определување на мерката притвор, кој Судот го пифати и му определи метка притвор во траење од 8 дена“, информираат од Обвинителството.
Ова не е прв инцидент на професорот по англиски јазик со децениски стаж во училиштето, тој и претходно се заканувал на колеги, колешки и ученици за што има пријави и поплаки. Полицијата денес против професорот поднесе кривична пријава за насилство.
Соња Рилковска
