Со свечена академија одбележани 115 години од смртта на Даме Груев
Во Битола одбележани 115 години од смртта на македонскиот револуционерен великан, Даме Груев. Одржана свечена академија...

Даме Груев е еден од нашите најголеми револуционерни апостоли. Тогашните современици го нарекуваат „Волјата на македонското револуционерно движење“ и активно учествува во основањето.
Тој е член на главниот штаб на Илинденското востание и еден од ретките раководители кој и по него останува на македонска територија да ја продолжи борбата и спасува расколот, истовремено оставајќи документи кои неможат да ги побијат туѓите историчари.
Учителот кој го формира првиот Битолски револуционерен округ предава историја, ги учи децата но и со голема моќ ја шири пропагандата.
Лик и дело на чие надоградување преку научни факти веќе 12 години работи истоименото здружение.
Секој нов податок е добредојден, но и вака родениот смилевчанец важи за еден од најважните револуционерни столбови кој на 35 години во нерамноправна борба го губи животот на врвот Петлец, над селото Русиново.
Стевче Митревски
