Кајмакоски еуфорично пречекан во родното Мислешево
Со голема еуфорија од сите присутни во центарот на струшко Мислешево беше пречекан првиот победник на Х Фактор Адриа, Даниел Кајмакоски. Неколку илјади негови сограѓани како и гости од околните градови заедни со Кајмакоски ја прославија неговата победа...

На прес конференција Даниел Кајмакоски ја истакна благодарноста за неговата поддршка од страна на македонската публика и дека како победник на ова шоу допрва го чека напорна работа за да го оправда сето тоа.
„Мислам дека имав повеќе трема да дојдам дома отколку на финалето на Х Фактор, таму бев многу опуштен а овде помеѓу најблиските и најдобрите пријатели, меѓу своите луѓе е навистина нешто посебно“, вели Даниел Кајмакоски.
Како победник на првиот Х фактор значи и многу активности, снимања и обврски што на негово големо задоволство поради љубовта кон музиката нема да му претставува проблем а понудена му е и понатамошна соработка со неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ како и Кристина Ковач.
„После ова се враќам во Белград и почнуваме интензивно да работиме на мојата кариера, да се потпишат уште некои договори, да се почне со снимање на првиот сингл или првиот клип. тоа е се што знам и јас сега засега“, рече Даниел Кајмакоски.
Неговата скромност и талент за пеење за кратко време го препозна целиот Балкан, а Даниел стана миленик уште на самиот почеток на ова светско познато шоу.
Јованчо Наумоски
