Одбрана

Пендаровски брифиран за подготвеноста на Армијата

24.12.2021 15:24

Успешно положен тестот од првата годишнина како членка на НАТО...

Брифинг на началникот на генералштабот Ѓурчиновски на претседателот Пендаровски за состојбата со борбената подготвеност на Армијата.

Генералот Ѓурчиновски ја истакнал подготвеноста на командите и на единиците за реализација на активностите за достигнување на целите на способност на НАТО. Министерката Шеќеринска потенцирала дека земјава успешно го положи тестот од првата годишнина како членка на Алијансата.

Независно што здравствената и енергетската криза притискаат за поинаков распоред на буџетските приоритети, неопходно е државата да остане посветена на вложувањата во одбраната и безбедноста, потенцирал претседателот и врховен командант Пендаровски.