Пациент на кислородна поддршка запалил цигара, спречена експлозија
Дежурните лекари веднаш го исклучиле централниот кислороден систем. Во собата имало уште неколку пациенти исто така на кислородна поддршка...

Со брза интервенција на дежурниот тим на пулмологија, синоќа спречена поголема несреќа. Пациент кој примал терапија за хронична болест, ја извадил маската за кислород и запалил цигара. Веднаш почнал да гори кислородот од маската и го изгорел по лицето и градите.
Дежурните лекари веднаш го исклучиле централниот кислороден систем. Во собата имало уште неколку пациенти исто така на кислородна поддршка.
Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагрoзувачки повреди, информираа од Министерството за здравство.
Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот. На пулмологија нема пациенти кои се лекуваат од Ковид-19.
