Ковид-19
Пановски: Да се избегнуваат собири на затворено
27.12.2021 09:19
Професорот Никола Пановски препорачува да се избегнуваат непотребни собири во затворено, како заштита од новата ковид мутација.

Омикрон детектиран и во земјава, според здравствените власти состојбата е под контрола. Нема дополнителни рестрикции за новогодишните и божиќните празници. Остануваат апелите за вакцинација. Професорот Никола Пановски препорачува да се избегнуваат непотребни собири во затворено, како заштита од новата ковид мутација.
„И понатаму можеме да се собираме на отворено, секако и пред црква. Но, во затворен простор е друга состојбата. Носете маски, избегнувајте непотребни собирања во затворен простор кога има многу луѓе“, нагласува микробиологот Пановски.
