Ковид-19

Зимскиот распуст да биде продолжен, бара епидемиологот Олумчев

27.12.2021 09:34

Епидемиологот Олумчев бара зимскиот распуст за учениците да биде продолжен, барем една недела. Податоците од терен покажуваат зголемен раст на позитивни ученици, иако точна бројка за југоисточниот регион нема...

Гевгелискиот епидемиолог Олумчев со став дека зимскиот распуст за учениците мора да биде продолжен барем една недела, оти само така ќе се намали резилиентноста од делта сојот кај учениците. Податоците од терен покажуваат зголемен раст на позитивни ученици.

Точна бројка на позитивни ученици од југоисточниот регион нема, но лекарите велат во последните две недели забележан е раст на бројката, затоа бараат и продолжување на распустот со цел ставање под контрола на состојбата кај оваа популација.

Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02% од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на Ковид-19, истиот процент е и кај наставниците.

 

Стојне Митева