Македонија
Ковид-19 се шири во битолскиот затвор
27.12.2021 09:42
Стравот од ширење на заразата е уште поголем бидеќи завчера починал и еден од вработените.

Шеснаесет затвореници од битолскиот затвор позитивни на Ковид-19. Стравот од ширење на заразата е уште поголем бидеќи завчера починал и еден од вработените.
Реакциите од затворениците се сѐ погласни, бидејќи велат дека иако во затворот вирусот коси повеќе од една недела, досега никој од Управата за извршување санкции не се заинтересирал за нивната здравствена состојба.
Потврда дека во битолскиот затвор кој е од полуотворен тип има коронавирус стигна и од директорот Драган Кајевски. Вели дека биле преземени сите мерки кои биле препорачани од Центарот за јавно здравје.
Вели дека на позитивните затвореници им е обезебедена потребната здравствена заштита.
