Здравство

4.832 активни ковид- случаи во земјава

27.12.2021 09:51

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.211...

Седум проценти позитивни на Ковид-19, покажува статистиката на Министерството за здравство. Бројот на активни случаи падна под пет илјади и изнесува 4.832. Од направените 3.929 тестирања, регистрирани се 280 нови случаи, соопштија вчера од ресорот.

Пријавени се десет починати лица. Во изминатите 24 часа во болнички услови, битката со вирусот ја загубиле пет лица, најмладиот е на возраст од 45 години од Крушево. Дополнително пријавени се уште пет починати лица во период од 17-ти ноември до 22-ри декември. Две во болнички услови, а три лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.211, бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904.