Случај „Славија“: Стопирана продажбата на државниот капитал
Судот постапил по службена должност, по барањето на Кирил Кочевски, поранешен сопственик на акциите на АД Славија. Вакво барање е доставено и до Централен депозитар за хартии од вредност и до Комисија за хартии од вредност.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани не ги коментира објавите дека е стопирана аукцијата на државниот капитал во „Славија“.
Од Владата пак соопштиja дека станува збор за судска одлука за времена мерка. Судот постапил по службена должност, по барањето на Кирил Кочевски, поранешен сопственик на акциите на АД Славија. Вакво барање е доставено и до Централен депозитар за хартии од вредност и до Комисија за хартии од вредност.
Против Кирил Кочевски е донесена првична пресуда за одземање на акциите на АД Славија поради сторено кривично дело. Законско право е на поранешниот сопственик да побара времена мерка од судот, соопштија од Владата.
Асани најави дека денеска ќе биде презентиран целиот историјат на „Славија“ и начинот како се отуѓувале дуќаните на овој трговски гигант во период од 2012-та до 2017-та година.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека заедно со јавноста ја спречиле распродажбата на државен имот во „Славија“ на аукција, вреден 20 милиони евра, за нешто повеќе од 280 илјади евра.
