Уметност

Скулптурата „Копнеж“ на биенале во Пекинг

27.12.2021 10:38

Скулптурата „Копнеж“ е работена оваа година од бронза и има освоено Гран при награда во Будва во конкуренција од 78 уметници од 20 земји.

Познатиот македонски скулптор и универзитетски професор Никола Смилков со своја скулптура „Копнеж“ ќе учествува на Интернационалното уметничко биенале кое ќе се одржи од 18-ти јануари до 1-ви март 2022-ра година, како дел од културните активности во рамките на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Скулптурата „Копнеж“ е работена оваа година од бронза и има освоено Гран при награда во Будва во конкуренција од 78 уметници од 20 земји.

Скулптурата „Копнеж“ може да остане во трајната колекција на биеналето (по одлука на авторот) и трајно да сведочи за уметничкото претставување на авторот и на неговата земја.