Кумановци ја покажаа својата духовитост

02.04.2014 10:30

Во слава на пролетта и радоста, a во духот на големиот кумановски шегаџија децата ги покажаа своите креации најчесто инспирирани од филмови, игри и замислени ликови...

Малите кумановчиња ја покажаа својата духовитост и креативност. Денот на шегата беше инспирација за нив и за нивните родители да изработат маски со кои се натпреваруваа за најдобрата креација.
 
Во слава на пролетта и радоста, a во духот на големиот кумановски шегаџија децата ги покажаа своите креации најчесто инспирирани од филмови, игри и замислени ликови.
 
Во Центарот за култура на традиционалниот првоаприлски маскенбал годинава учесниците понудија фантазија без граници од чудовишта, змејови и принцези, супер херои до војници и полицијаци. Сето тоа изработено со мали средства, но со голема љубов и внимание.              
 
Жири комисијата составена од професори по уметност, кореографи и костимографи имаше полни раце работа меѓу околу 100-те пријавени маски да ги избере најсупешните три маски.
 
​Водител на маскенбалот беше Ивце Пивце кој вели дека кумановските ученици и годинава биле оригинални и креативни.                                                                                                                                       
 
Покрај трите најдобри маски беа прогласени и најдобра групна маска, најоригинална, а беше доделена и награда за најмлад учесник на Маскенбалот.
 
Габриела Димковиќ