Политика

Седница на Централниот одбор на СДСМ

27.12.2021 12:17

По предлог на лидерот на партијата, Централниот одбор ќе го избира и новото раководство. Треба да бидат избрани четири потпретседатели.

Највисоките партиски органи на СДСМ вечер треба да ја потврдат номинацијата на Димитар Ковачевски за мандатар, кој треба да го формира новиот владин состав.

По предлог на лидерот на партијата, Централниот одбор ќе го избира и новото раководство. Треба да бидат избрани четири потпретседатели.

Според најавите, шефот на државата Пендаровски в среда ќе го му го предаде мандатот за нова влада на Ковачевски. Нема да побара писмена потврда од најмалку 61 пратеник кои застануваат за кандидатурата на лидерот на СДСМ, пракса која беше воспоставена од Иванов при предавање на мандатот на Заев, но која ја искористи и Пендаровски минатата година во вториот мандат на премиерот во заминување.

Во меѓувреме, продолжуваат комбинаториките за составот на новата влада на „Илинденска“. Шекеринска, Царовска, Филипче повеќе нема да бидат министри.

Се најавува дека Бојан Маричиќ би го заменил Никола Димитров на местото вицепремиер за евроинтеграции. Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, можно е да се врати во земјоделие, а на негово место се споменува Сања Лукаревска.

ДУИ ротира во образование, а Алтернатива го добива здравство, вицепремиер без ресор задолжен за дијаспората и информатичко општество и администрација.