Ковид-19

Нема дополнителни рестрикции поради Омикрон

27.12.2021 13:52

На состанокот на Комисијата за заразни болести анализирана состојбата со Омикрон. Нема дополнителни рестрикции за новогодишните и божиќните празници. Епидемиолошката состојба е стабилна-тврди Филипче. Здравствените власти апелираат- почитување на мерките и вакцинација...

Дополнителни рестрикции и ограничувања не треба да има ниту поради Омикрон, ниту поради било кој друг сој, истакна министерот за здравство Филипче. Според него, засега епидемиолошката состојба е мирна и нема влошување. Засега во Македонија има само еден потврден случај на новиот сој, кај човек што се вратил од Британија.

Филипче смета дека на новиот министер не му остава товар, иако нема нови мерки, бидејќи состојба е стабилна и во болниците има малку пацинети со коронавирус.

Министерот во оставка повикува на одговорност кај сите, коментирајќи го случајот на Клиниката за пулмологија, кога пациент запалил цигара.

Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Нема други повредени пациенти.

Наташа Јанчиќ Менковски