Агенцијата за управување со одземен имот не се откажува од продажба на АД Славија
Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани на брифинг со новинарите го презентира целиот историјат на АД Славија и начинот, како што рече, се отуѓувале дуќаните на овој трговски гигант во период од 2012-та до 2017-та година. Не ја коментираше судската одлука за стопирање на аукцијата на државниот капитал во фирмата. Власта имаше намера да ја продаде Славија по нереална цена, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ...

Агенцијата за управување со одземен имот привремено ја стопира, но не се откажува од продажбата на АД Славија. Директорот Асани брифира дека Агенцијата се обидува да ги стави акциите на фирмата во продажба за цената од 51 евро се зголеми и со тоа се обезбедат пари за вработените. Посочува дека продажбата е започната во моментот кога немало барање за времена мерка, а која произлегува на барање од поранешниот сопственик за кого има првична пресуда за одземање на акциите.
Од ВМРО- ДПМНЕ пак велат дека власта имала намера да ја даде АД Славија по нереално ниска сума со обезвреднет имот. Оттаму тврдат дека не е направена реална проценка на имотот, бидејќи вредноста е поголема.
Според Агенцијата, АД Славија има долг кон 72 доверители со вкупна вредност од над два милиони евра, без камата.
Во моментов АД Славија има долг кон 136 вработени во износ од 186 илјади евра, годишно остварува приход од над 700 илјади евра.
Дијана Ценевска
