И во спортот, на Грција и смета името Македонија

02.04.2014 10:43

Грчката делегација поднела приговор до надлежните органи на Европската боречка федерација, поради тоа што нашата земја е претставена како Македонија на европското првенство што почна вчера во Финска...

Дури и во спортот, на нашиот јужен сосед му пречи нашето уставно име.

Грчката делегација поднела приговор до надлежните органи на Европската боречка федерација, поради тоа што нашата земја е претставена како Македонија на европското првенство што почна вчера во Финска.

Во приговорот се наведува организаторот на првенството, „да не се користи името Македонија, туку „ФИРОМ“ , како што земјата била регистрирана во Обединетите нации“.

Организаторот не реагирал на приговорот!