Енергетска криза

Финишираат анализите за новата цена на струјата

27.12.2021 13:09

Претседателот на Регулаторна, Бислимовски најави дека електродистрибуција бара 100 процентно зголемување на струјата поради високите берзански цени, 82 насто бара МЕПСО, а барање со трошоци без конкретен процент доставиле и ЕВН ХОУМ.

Финишираат анализите на Регулаторната комисија за енергетика за новата цена на струјата која ќе важи по нова година. Според првичните информации која понуда и под кои услови ќе се прифати, а која не, би имало деновиве.

Претседателот на Регулаторна, Бислимовски најави дека електродистрибуција бара 100 процентно зголемување на струјата поради високите берзански цени, 82 насто бара МЕПСО, а барање со трошоци без конкретен процент доставиле и ЕВН ХОУМ.

Доколку би се прифатиле овие барања во целост, очекува дека крајната сметка на струјата за домаќинствата би се зголемила за повеќе од 10 проценти.

Од Владата во оставка пак се децидни дека зголемувањето нема да надмине 10 насто.