Вработени во РЕК Битола со реакција по најавите за принуден одмор
„Наместо тие да понесат одговорност за нестручното и неодговорно работење, тие удираат по нас со драконски мерки“, стои во писмото. Апелираат до сите надлежни фактори навреме да реагираат за да се спречи, како што велат, „уште една штетна авантура на раководството“.

Група вработени во РЕК Битола со реакција по најавите од менаџментот за рестрикции и принудни одмори. Велат- планот е недомаќински и неефикасен, освен ако не е освета за резултатите од локалните избори.
Со отворено писмо реагираат на овој, како што го нарекуваат „пеколен план“.
„Наместо тие да понесат одговорност за нестручното и неодговорно работење, тие удираат по нас со драконски мерки“, стои во писмото. Апелираат до сите надлежни фактори навреме да реагираат за да се спречи, како што велат, „уште една штетна авантура на раководството“.
Од РЕК Битола пак, велат дека нема да коментираат вакви писма и упатуваат на соопштението од ЕСМ, каде стои дека мерките биле насочени во правец на намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.
Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно Законот за работни односи, со исплата на 70 насто од платата.
