Високо образование

Битолскиот универзитет доби седум научно- истражувачки проекти на конкурсот на МОН

27.12.2021 15:26

Со добиени седум научно- истражувачки проекти по скопскиот, битолскиот универзитет е второ рангиран. Четири од нив се од првата проектна линија, со што неколку факултети ќе имаат можност да ги доопремат и акредитираат своите лабаратори. На конкурсот на Министерство за образование, најмногу проекти доби скопскиот универзитет, а по еден штипскиот и МАНУ...

Четири од седумте добиени научно- истажувачки проекти се од првата линија за опремување и акредитација на истражувачките лабаратории и три за поддршка на техничката компетентност и воведување на нови аналитички методи. Посебно се важни оние првите, кои го носат и предзнакот високософистицирани научно- истражувачки проекти.

Од Техничкиот факултет велат, и досега ги меревме штетните параметри во животната средина, но со добивањето на акредитација, научните истражувања од тој домен добиваат поинаква верификација.

Високо научно-истражувачки и комерцијални активности се очекува да дадат и проектите за акредитација на лабараториите на Биотехничкиот и Техничко- технолошкиот факултет. Од УКЛО велат, задовлство е да се биде второрангиран универзитет на ова поле.

Инаку на конкурсот на ресорното министерство, најмногу проекти доби скопскиот универзитет, а по еден штипсиот универзитет и МАНУ.

Стевче Митревски